Жирито на 2 –от Интернационален Филмски фестивал “Астер Фест” во Струмица, имаше чест да биде овде, во овој прекрасен град со од искон традиција и љубов кон уметноста и културата воопшто и несекојдневните усилби на организаторите на “Астер фест” достоинствено да го прикажат филмското творештво на земјите на народите од Југоисточна Европа. Им веруваме дека, во времето што доаѓа, а со помош на овој љубен град, Републиката и донаторите ќе го издигаат рамништето на “Астер фест”.
Жирито во состав: Бранко Гапо (Македонија), Бурбуке Бериша (Косово) и Мануел Цимер (Германија) го искажува задоволството од квалитетот и големиот спектар на жанрови во документарниот филм, а кои го покажуваат живеењето на човекот и секојдневните настани од земјите од каде што доагаат. Сакаме посебно да го истакнеме филмот на Неџат Беговиќ “Нешто сосема лично” за визуелното и содржинско богатство на хуморот што се носи со жестоките настани кои ја опфатија БиХ и градот Сараево кон крајот на 20 век.
Жирито на 2-от Интернационален фестивал “Астер фест” според пропозициите на фестивалот, а со едногласно решение ги доделува наградите на следниве филмови:
Специјална награда, “Златен стар проектор” донација на Наке Туфекчиев фестивалот “Астер фест” ја доделува на македонскиот документарен филм “Боите на времето” работен по сценарио на Владимир Плавевски и комплетно авторство на Стефан Шашков поради извонредното и несекојдневното откривање на значајното сликарство на маестрото Милош Коџоман.
Бронзената потковица му ја доделуваме на унгарскиот документарен филм “Елдорадо” во продукција на “Флора Филм интернатионал” по сценарио на Емоке Конечни и авторот режисер Тибор Кочиш. Филмот носи со себе добра приказна за глобализацијата во конфликтот на луге кои што живеат таму и индустријалци кои безмилосно создаваат еколошка катастрофа. Во тоа суптилно е прикажан отпорот на лугето кон безмилосноста што ја носи индустријалската експлоатација.
Сребрената потковица на “Адтер фест” 2006 година му се доделува на босанскиот документарен филм “Севдах мостот што трае”, во продукција на Арцимбалдо продуцтионс Лтд и ББЦ на режисерката Мира Ердевички.
Филмот”Севдах” минуциозно и ликовно силно го покажува спојот на група фолк музичари и градот со мостот и неговата судбина низ времето.
Златната потковица, и главната награда на фестивалот “Астер фест” му се доделува на документарниот филм “Подигрување”, во продукција на 1244 Косово на комплетните автори Улбер Мехмет Алиу и Едон Ризваноли за извонредно визуелизирана приказна која преку музиката на 6 рок групи ја прикажува сегашноста, премрежијата и надежите на човекот од Косово. |