
Професионалните филмски автори кои живеат или се родени во
Југоисточна Европа имаат свој нов полигон на презентација.
Астер Фест во своето промотивно издание ја профилира целта да ја регистрира,
афирмира и овековечи вредноста на делата со потпис на
новомилениумскиот филммејкер.
Струмица, постојаното прифаќалиште на немирните уметнички духови под
тромеѓето на фикционалниот и документарниот Астраионски свет е
домаќин на блескави визуелни случувања.
Во првото зачекорување, 14 држави даваат свој прилог со вкупно над 50
кратки и долги проектирани содржини.
Балканот нема граници, а Светот е на дофат, како и yвездите.
Со среќа, со верба и со надеж - кон светлината.
И со галоп на ат кој веќе ја разбрал пораката на нашите претци.
Да се биде и да се опстои, да се остави трага.
Преку бројни начини.
Низ разни порти.
Влез во предворјето на Царството на подвижните слики.
Со новите технологии, со убава мисла.
|